Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Од:

Жена и маж се здобиле со прострелни рани во престрелката што се случила синоќа во Приштина, од која мажот им подлегнал на повредите, а жената е пренесена на лекување во Клиничката болница.

Од полицијата потврдија дека се уште не се идентификувани осомничените инволвирани во овој случај.

„Околу 21.15 часот било пријавено дека имало пукање на улицата Јеронима де Рада во Приштина. Полицијата по добиеното известување излегла на лице место и според првите информации се дознало дека две лица добиле тешки повреди од огнено оружје, од кои мажот почина“, изјави портпаролот на полицијата Агрон Боровци.

Повредената е упатена во Клиничко-болнички центар, а полицијата продолжува со увид и оперативно-истражни активности со цел откривање на осомничените, како и расветлување на околностите на настанот.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски