Бугарија подготвена да ја заштити границата со Турција

Од:

Бугарија соопшти дека е подготвена да ги зајакне патролите и да заврши со оградата долж југоисточната граница со Турција во обид да задржи евентуален нов прилив мигранти.

– Подготвени сме да ја заштитиме границата на државата на начин што е овозможен со закон, изјави бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев за време на посета на пограничниот град Мало Трново.

Тој додаде дека уште 24 км заштитна ограда ќе бидат готови до крајот на мај и оти уште стотици полицајци и 200 војници се испратени во патроли долж границата.

Бугарија е разочарана поради отворената поддршка што Турција и ја дава на патријата на турското малцинство во таа држава, а кои првпат учествуваат на избори во Бугарија. Во минатата година Бугарија подигна ограда со бодликава жица во должина од 200 км за да спречи евентуален нов прилив на сириски, авганистански и други мигранти.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините