Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Од:

Околу 16.000 месари-аматери се повредени во Турција за време на празникот Курбан Бајрам. Министерот за здравство Фахретин Коча изјави дека повредите настанале при ритуалот на жртвување животни.

На првиот ден од Бајрам, околу 16.000 луѓе дојдоа во здравствените домови низ земјава поради повреди здобиени при жртвување, објави Коча на мрежата „Икс“.

Курбан Бајрам, најважниот исламски празник, познат и како празник на жртвите, започна вчера.

Турците жртвуваат главно овци и кози, а богатите и вол.

Во 2023 година, речиси 30.000 луѓе беа повредени за време на четиридневните прослави во Турција.

Министерот додаде дека ситуацијата е таква бидејќи месото го подготвуваат луѓе кои не се професионалци. Тој наведе дека во главниот град Анкара се повредени 1.274 лица, во Истанбул 840, во Измир 416.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски