Брнабиќ: Чекаме дозвола од Фајзер за донацијата на вакцини за Северна Македонија

Од:

Сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата на вакцините на Фајзер на Северна Македонија, но се чека дозвола од американскиот производител, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Таа објасни дека договорот меѓу Србија и Фајзер предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат.

-Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Северна Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од Фајзер дека нивните вакцини можат да бидат донирани, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека разговарала со директорот на „Фајзер“ за да добијат одобрување за донацијата што е можно поскоро, а оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повлекол личните врски со САД за да ја добијат таа согласност.

-Се надеваме дека сè ќе се заврши во следните неколку денови, истакна премиерката Брнабиќ.

Испораката на вакцини во Северна Македонија како донација од Србија, која беше најавена за четврток, е одложена за следните неколку дена, соопштија вчеравечер од Претседателството на Србија.

-Поради неопходност од набавка на дополнителна техничка документација, испораката на вакцини во Република Северна Македонија е одложена. Вакцините ќе и бидат предадени на Северна Македонија во наредните денови, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија