Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Од:

Голманот на Рома, Миле Свилар се најде на списокот на селекторот Драган Стојковиќ Пикси за претстојното Европско првенство.

Оваа вест ја пренесоа српските медиуми наведувајќи дека дошло до пресврт откако пред неколку месеци Свилар објави дека повеќе не сака да игра за српската фудбалска репрезентација и со тоа практично остана отпишан.

Имено, Фудбалскиот сојуз на Србија и испрати на УЕФА поширок список на играчи на кои се смета за ЕП, а на него е и Свилар, додека конечниот список на патници мора да биде објавен најдоцна до 7 јуни.

Свилар сакаше да брани за Белгија, бидејќи сфати дека има мали шанси да игра за Србија во конкуренција на Вања Милинковиќ Савиќ, Предраг Рајковиќ и Ѓорѓе Петровиќ, но веќе еднаш го смени спортското државјанство и ФИФА не му дозволи да го стори тоа повторно.

Во меѓувреме се наметна на голот на Рома и е еден од најдобрите голмани во Европа, па во Србија сфатија дека не можат лесно да го загубат.

Свилар е син на легендарниот голман на Војводина, Ратко Свилар, а претходно бранеше за Андерлехт и Бенфика, како и за младата белгиска репрезентација. Досега еднаш играше за Србија и тоа на пријателскиот натпревар против Катар пред три години.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“ чии имиња не смеело да се споменат досега

Катерина Ѓуровски

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Македонија

Катерина Ѓуровски

Почнува пробното производство на српската „панда“

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Уапсен е маж осомничен дека е вмешан во убиството на полицаецот во Лозница

Горан Наумовски