Брнабиќ: 28 дена изолација за граѓаните кои доаѓаат од високоризичните земји

Од:

Границите на Србија ќе бидат затворени за странските државјани, додека српските државјани ќе можам да влезат во земјата. Кога станува збор за движење, тоа не можеме да го спречиме, но препораката е да се остане во своите домови, изјави вечерва премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

Таа вели дека самоизолацијата е најдоброто нешто што граѓаните можат да го направат, а државата ќе се организира заедно со Секторот за вонреди ситуации и со политичките партии и Црвениот крст со цел на најстарите граѓани да им се носат намирници.

Брнабиќ нагласи дека сите граѓани кои доаѓаат од земјите каде што има жаришта на короновирус (Италија, Шпанија, Франција, Австрија), задолжително треба да бидат во изолација 28 дена, а во спротивно, казната е до 3 години затвор.

Воедно, донесена е забрана за извоз на стратешки производи од државата.

Брнабиќ апелираше до граѓаните да не купуваат толкави количини на производи кои не можат да ги потрошат, бидејќи солидарноста е важна.

„Дисциплината на поединците ќе одлучува колку ние како држава можеме да сториме“, рече премиерката.

На прашањето дали ќе има избори, кои се закажани во април, таа кратко рече: „Сосема заборавив на изборите“.

Таа вели дека е свесна дека српската Влада ќе биде критикувана затоа што ги затвораат улиштата.

„Намерата на Владата е да се затвори се, освен продавниците и аптеките, но тоа е невозможно поради Уставот. Затоа е донесена одлука за забрана за собирање од 100 на 50 луѓе. Ќе се зацврсти и доставата, а радното време ќе се скрати до 20 часот“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија