Мажот кој се појави на сцената додека американската пејачка Адел ја примаше наградата „Греми“ во неделата навечер е уапсен и ќе му се суди.
Се работи за украинскиот ТВ водител, Виталиј Седиуку кој успеал да влезе на церемонијата без билет. Тој прошета по црвениот килим и седна до Џастин Тимберлејк и Џесика Бел. Тоа место беше наменето за Адамо Ливине од групата Maroon 5.
Кога Адел појде да ја преземе нејзината награда, Седиук дојде на сцената и рече „Чест е да се прими ваква награда. Те сакам Адел“. Пејачката и актерка Џенифер Лопаез со раката му покажа да си оди, што тој и го направи.
Обезбедувањето во бекстејџот го задржа Седиук, а потоа е уапсен. Ноќта ја поминал во затвор, а на суд ќе се појави наредниот месец.
Ова не е првпат овој Украинец да направи слична работа на големите случувања. Тој се обиде да го бакне актерот Вил Смит на премиерата на филмот „Men in Black 3“, а неговото цвеќе го одби пејачката Мадона.