ВИДЕО: Колинда сега и глуми претседателка, дебитираше како актерка во хрватска теленовела

Од:

Поранешнат хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ накратко си го врати мандатот, но само на малите екрани. Таа го имаше своето актерско деби во популарната теленовела „Дар мар“.

Кусото, епизодно појавување на Колинда имаше и елементи на хумор, затоа што во сцената се среќава со лик на девојче што се вика Линда. Екс-шефицата на државата вели дека добро се забавувала на снимањето, кое не ѝ било тешко.

„Морам да кажам дека ми беше супер. Малку се изненадив кога ме повикаа. Не размислував многу, затоа што мислам дека во животот треба да се прифати секој предизвик, се што се нуди,“ рече Грабар-Китаровиќ пред неколку недели, кога се подготвуваше за настапот во серијата.

Епизодата во која се појавува поранешната претседателка ќе се емитува во јануари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грабар-Китаровиќ: Путин би избрал да умре, но нема да признае пораз

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жена се закануваше со бомби во зградата на Колинда, експретседателката на Хрватска не била дома

Катерина Ѓуровски

Колинда Грабар-Котаровиќ направи операција на ‘рбетот, ја чека долго закрепнување

Жарко Настоски

Колинда Грабар-Китаровиќ за последен пат како хрватски претседател во посета на Словенија

Повторно сите зборуваат за навивањето на Колинда во финалето: Донесе несреќа како и во фудбалот

Ана Ололовска

Китаровиќ ќе работи на „брендирање на Хрватска“

Ана Ололовска