Китаровиќ ќе работи на „брендирање на Хрватска“

Од:

Хрватската претседателка во заминување Колинда Грабар Китаровиќ, се премисли и се откажа од намерата да не бара канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот на 18 февруари, јавија хрватските медиуми.

Порталот Индекс потсетува дека Грабар-Китаровиќ го започна мандатот со ветување дека ќе го премести претседателскиот кабинет од Пантовчак заради штедење.

„Го завршува со најава дека ќе бара канцеларија која ќе ја користи по истекот на мандатот“, коментира порталот.

Таа за телевизија Нова изјави дека по 18 февруари мислела дека нема да бара канцеларија, но се премислила.

Сака да „продолжи да работи на брендирање на Хрватска“ и за тоа и треба база. Китаровиќ истакна дека не може да седи некаде и да не прави ништо.

Тврди дека нејзиниот наследник Зоран Милановиќ нема ниту да го критикува, ниту да го фали, ниту ќе ја коментира неговата работа.

– Но, она што ќе продолжам да го правам е да ја брендирам Хрватска, да ги промовираме нашите интереси, да работам на решавањето на социјални проблеми, од злоставување во Хрватска воопшто, не само во семејството, туку и во училиштата и на други места, заштита на животната средина, чист Јадран и слично, рече Грабар-Китаровиќ.

Според сегашните регулативи, Грабар Китаровиќ има право шест месеци да добива надомест во висина од 24.376,20 куни (околу 3.200 евра) , а потоа уште шест месеци 50 проценти од таа плата.

Како поранешен претседател, таа пет години има право на канцеларија, на двајца државни службеници, личен возач и службено возило, а правото на физичка заштита е трајно.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари