(ВИДЕО) Колинда по поразот со солзи во очите: Останувам во Хрватска, но сега одам на одмор

Од:

Досегашната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ им се обрати на разочараните членови и симпатизери на ХДЗ во полупразната сала со оглед дека половината од нив веќе си заминаа.

-Ви благодарам на сите што излеговте и гласавте. Благодарам, за поддршката, за трпеливоста и љубовта сите овие години, рече таа со солзи во очите.

-Да останеме обединети за нашата Хрватска. Пораката која мора да ја извлечеме од овие избори е дека мора повеќе да сме помеѓу граѓаните. Хрватска одлучи, Милановиќ ќе биде претседател, рече таа.

Kolinda Grabar Kitarović

Posted by Index.hr on Недела, 05 јануари 2020

На ова, сите во салата почнаа да го исвиркуваат името на новиот претседател.

-Немојте ве молам, ги прекина Колинда. Јас му честитам. Нема ниту збор да кажам против него. Тука сум, ќе му поддадам рака за да покажам дека преносот на власта може да биде цивилизиран, да го упатам во тоа што го работев досега. На Хрватска и треба стабилност, рече таа.

-Јас ќе бидам тука, останувам во Хрватска, се надевам дека ќе ми дозволите ако утре одам на десет, петнаесет дена одмор, не сум имала одмор веќе пет години, рече таа.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он