(ВИДЕО) Грабар-Китаровиќ: Путин би избрал да умре, но нема да признае пораз

Од:

Поранешната хрватска претседателка Колонда Грабар-Китаровиќ вели дека претседателот на Русија Владимир Путин никогаш нема да признае пораз во Укриана. Таа во интервју за GZERO, во прграмата „Глобална сцена“ беше претставена како политичарка која го среќавала Питин за време на нејзиниот мандат и има адекватни информации.

Грабар-Китаровиќ вели дека малку е веројатно Путин да се откаже од специјалната воена операција, која ја гледа како одговор на понижувањето што и го нанел Западот на русија за време на Студената војна.

Иако војната ја ослабе руската економија и армија, поранешниот хрватска претседателка смета дека Путин повеќе би сакал да умре отколку да го признае поразот.

„Не е точно дека санкциите немаат ефект, тие имаат. Но Путин е личност која никогаш не би го признала поразот. Тој повеќе би сакал да умре отколку да признае дека е поразен“, рече таа.

Бидејќи Украина нема да отстапи ни педа од суверена територија, а Путин нема да отстапи, Грабар-Китаровиќ смета дека борбите ќе продолжат.

„Најдоброто за кое можеме да се надеваме сега е некаков вид примирје, но прекинот на огнот нема да го спречи Путин да се обиде да ја постигне својата крајна амбиција да ја преземе цела Украина“, заклучи Колинда.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков