На синоќешните доделувања на Billboard Music Awards, публиката но и изведувачите беа изненадени кога го здогледаа „кралот на попот“, Мајкл Џексон на сцената.
Стануваше збор за холограмот на Џексон кој го изведе познатиот „moonwalking“ и за момент ги потсети сите на деновите кога „жареше и палеше“ на музичката сцена.
Холограмот ја изведе „Slave To The Rhythm“, песна од новиот постхумен албум „Xcape“, базиран на музиката која Мајкл ја направил додека бил жив.
Џастин Тимберлејк освои седум награди меѓу кои и наградата за најдобар уметник и најдобар Billboard албум.
Џенифер Лопез доби награда за култна личност. Албумот на Еминем, „The Marshall Mathers LP 2“ беше прогласен за рап албум на годината.