ВИДЕО: Џеј-Зи најави нов „револуционерен“ албум и заработи најмалку пет милиони долари

Од:

Откако неговиот колега Кени Вест употреби нови методи за да го најави својот нов албум, нешто слично направи и Џеј-Зи, кој најнов албум „Magna Carta Holy Grail“ одлучи да спои со реклама за новиот мобилен на „Самсунг“ со што искористи некои погодности од соработка со јужнокорејската компанија.

Поточно, на 24 јуни ќе се појави бесплатна најавна апликација, а на полноќ на 4 јули сопствениците на телефони на „Самсунг“ ќе имаат можност 72 часа бесплатно да го преслушаат новиот материјал на Џеј-Зи, пред тој да биде достапен на другите во светот.

Во новата реклама за „Самсунг“ се појавуваат и некои од продуцентите на новиот „револуционерен“ албум на Џеј-Зи, со кои раперот веќе соработувал: Фарел, Тимбаланд, Свиц Биц и легендарниот Рик Рубин.

Треба да се спомене и дека „Самсунг“ на Џеј-Зи му платил пет милиони долари за ексклузивната дистрибуција на албумот првите три дена.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски