Хуманитарен концерт насловен „21 песна на Тоше, за еден живот“ ќе се одржи на 8-ми април, во „Комбанк арената“, во Белград.
Парите соберени од концерот се наменети за Славица Обрадовиќ од Нов Пазар, на која и е неопходна операција на црниот дроб во Италија, за која и недостасуваат 120.000 евра.
Песните на починатиот македонски пејач, Тоше Проески ќе ги пеат Саша Ковачевиќ, Тања Бањанин, Бојан Маровиќ, Ана Шајдохар, Милиграм, Зана, Вампири, Алекса Јелиќ, Борис Режак и многу други, а специјални гости ќе се хорот „Вива вокс“.
Концертот го подржаа и родителите на починатата македонската ѕвезда и фондацијата „Тоше Проески“.
Хитовите „Тајно моја“, „Соба за тага“, „Чија си“, „Игри без граници“, „Волим осмех твој“, „Пратим те“ и многу други, ќе бидат само дел од песните кои пејачите ќе ги испеат.