Настапувајќи на „Пис енд лав“ фестивалот во Шведска, Ријана по грешка ја посвети песната „Redemption Song“ на Норвешка. Пејачката излезе на бина со 45 минути закаснување, изгледајќи отсутно, а фановите претпоставуваат дека причината е неодамнешната смрт на нејзината баба.
Иако требаше да направи спектакл пред шведската публика, настапот на Ријана на фестивалот „Пис енд лав“ е оценет како млак. Многу фанови решиле да заминат после само неколку песни, бидејќи не биле задоволни од нејзиното пеење.