Ријана си направи нова тетоважа, нацртана под нејзините гради и веднаш му ја покажа на светот.
Египетската божица, Изида, според неа симбол на „комлетната жена“, ја преставува нејзината баба на која и ја посвети тетоважата.
Таа го фотографираше нејзиното тело за да може да се се види цртежот, притоа прекривајќи си ги градите со своите раце.
Клекнатата Изида е вечната мајка, пријателката на робовите, грешниците и беспомошнити, или со нејзини зборови: „Божицаta Изида – комплетна жена – модел за идните генерации – # GRANGRANDOLLY – секогаш над и во моето срце”.
Минатиот јули бабата на Ријана, на која и е посветена тетоважата, почина по долгата битка со ракот.
Во тоа време, Ријана напиша на својот „твитер“ профил: „Зборовите не можат да ја објаснат нејзината убавина.“