Кон крајот на септември ќе почне со работа регионален VH1 ТВ канал. Неизбежната ТВ дестинација ќе почне да емитува најпопуларни изведувачи од регионот.
„Концептот останува ист, VH1 ќе продолжи да емитува музика и спотови 24 часа на ден, меѓутао нашиот регион ќе биде во можност да слушне и домашни изведувачи. Тоа е тоа што ќе биде промената и сите чекаме со нетрпение“, рече главниот и одговорен регионален уредник на MTV и VH1 каналите Нинослав Јовановиќ.