Никол Кидман во кампања за промоција на турскиот туризам

Од:

Холивудската ѕвезда Никол Кидман ќе се појави во реклами за турската туристичка понуда наменети за пазарите во Германија и Русија, кои имаат за цел да го вратат туризмот во нормала, по тешката година за Турција.

Германците наскоро ќе можат да ја видат глумицата на страниците на „Велт” и „Велт компакт”, додека во Русија кампањата почна денеска со реклами со ликот на оскаровката во „Правда”, објави турскиот весник „Дејли сабах”.

Во интервју за телевизијата Хабертурк, австралиската актерка беше прашана каде би отишла на одмор во Турција?

– Очекувате да кажам Истанбул, но грешите. Ние имаме заедничка историја, па така најмногу би сакала да го видам Галиполе, рече Австралијката, имајќи ја предвид Битката кај Галиполе во Првата светска војна, каде многу австралиски војници се бореле на страната на Антантата против турската Армија.

Ова не е прв случај турски компании да ангажираат холивудски актер. Во јануари глумецот Морган Фримен се појави во реклама за турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска