Кејт Мидлтон и Меган Маркл разговарале за заеднички Нетфликс проект

Од:

И покрај тоа што веќе некое време се зборува за заладени односи меѓу членовите на кралското семејство, се чини дека војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и Меган Маркл, наводно, се поблиски од кога било. Според извор близок до кралското семејство, кој разговарал со „Ас викли“, војвотките размислуваат за соработка на Нетфликс проект.

„Меган и Кејт всушност многу добро се согласуваат и често контактирааат. Меган разговараше со неа за соработка на проект за Нетфликс, т.е. документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го остави со нејзината филантропија”, рекол изворот.

Наводно, Кејт е воодушевена и поласкана од понудата на Меган и верува дека тоа е чекор во вистинската насока кон градење посилни односи со нејзината „јатрва“.

Принцот Хари и Меган лани потпишаа договор со Нетфликс кој вклучува содржина како документарци, филмови и емисии за деца, но и повозрасни.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Актерката се извини за непримерната шега за Кејт Мидлтон: „Треба да се срамиш“

ВИДЕО: Кејт Мидлтон има рак, емотивно обраќање на принцезата од Велс

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Повторно има незадоволни и по снимката: Не е Кејт, направена е со вештачка интелегенција

Катерина Ѓуровски

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Принцезата Кејт Мидлтон првпат се појави во јавноста по двомесечно отсуство

Горан Наумовски