Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Од:

ПО неколку месеци мистерија што се случува со принцезата Кејт, кралското семејство објави нова фотографија од неа. Инстаграм страницата на принцот и принцезата од Велс објави слика направена минатата недела. На неа принцезата Кејт позира со своите деца Џорџ, Луиза и Шарлот, а фотограф е принцот Вилијам.

„Ви благодарам за добрите желби и поддршката во изминатите два месеци. На сите им посакувам среќен Ден на мајката“, напиша принцезата.

Во изминатите два месеци на интернет се појавија многу теории на заговор околу состојбата на на принцезата, а на новата слика таа изгледа како пред операцијата. Сликата за еден час собра половина милион лајкови.

На 8 јуни, принцезата Кејт ќе учествува на воената парада по повод роденденот на монархот, а тоа ќе биде нејзин прв официјален ангажман откако беше подложена на операција на абдоменот во средината на јануари. Иако беше најавено дека Кејт ќе се врати на должност на Велигден, се чини дека тоа нема да се случи.

Принцезата Кејт последен пат се појави во јавноста на Божиќ, а кон средината на јануари беше хоспитализирана во клиника во Лондон поради „закажана операција на абдоменот“. Палатата потоа се воздржа да ја наведе причината за операцијата.

Од 1748 година, роденденот на британскиот суверен се одбележува со парада наречена Trooping the Color. Оваа церемонија секогаш се организира во втората сабота во јуни, без оглед на датумот на раѓање на монархот.

Би можело да ве интересира

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Се јави Кејт Мидлтон, има порака

Британците бесни на принцот Вилијам и загрижени за Кејт: Кажете ни повеќе за горчливата вистина

Се промени здравствената состојба на Кејт Мидлтон: Нејзин пријател откри како сега се бори со ракот

Предраг Петровиќ

Новите информации за Кејт Мидлтон ја загрижија јавноста

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам ја откри здравствената состојба на Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ