ВИДЕО: Повторно има незадоволни и по снимката: Не е Кејт, направена е со вештачка интелегенција

Од:

Откако беше објавено новото видео на Кејт Мидлтон, на социјалните мрежи започнаа нови теории на заговор.

Всушност, видеото кое е снимено во саботата во Виндзор, ја прикажува насмеана принцезата Кејт како излегува од локална продавница со Вилијам. Сепак, некои сега тврдат дека Кејт воопшто не е на видеото, дека се работи за видео генерирано со вештачка интелигенција или дури и за нејзиниот љубител.

„Погледнете ја подобро фотографијата и ќе сфатите дека не е Кејт, таа има сосема различни јаболчници и лице…“, „Чекај… кој е тој по ѓаволите со принцот Вилијам? Дали сите размислувате исто како јас?“, Овие луѓе не личат на ниту еден од нив“, „Сум видел поквалитетни НЛО фотографии“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

„Сликата генерирана од вештачката интелигенција не е ни добра. Ова прикривање станува уште посрамно и исто толку загрижувачко“, тврдат теоретичарите на Интернет. Сепак, во моментов има исто толку луѓе кои се убедени дека ова навистина е доказ дека принцезата од Велс е добро и дека кралските обожаватели едноставно сакаат драма.

„Ова е доказ дека жената е ок, да ја оставиме на мира“, „Ок, што ви треба уште како доказ?“, „Тоа е Кејт, ако мислите поинаку треба да побарате психолошка помош“, пишуваат тие. Се чини дека со ова се согласуваат и најголемите британски таблоиди со наслови како „Насмеаната Кејт е добро“ или „Дали нешто ќе ги замолчи теоретичарите на заговор?“.

Да потсетиме, на интернет се појавија илјадници теории на заговор за исчезнувањето на принцезата Кејт, која не се појавува во јавноста од Божиќ, а се кулминираше откако кралското семејство ја објави нејзината лошо монтирана фотографија, за која подоцна одговорноста ја презеде самата принцеза. .

Би можело да ве интересира

Актерката се извини за непримерната шега за Кејт Мидлтон: „Треба да се срамиш“

ВИДЕО: Кејт Мидлтон има рак, емотивно обраќање на принцезата од Велс

Предраг Петровиќ

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Принцезата Кејт Мидлтон првпат се појави во јавноста по двомесечно отсуство

Горан Наумовски

Кејт Мидлтон не е видена од Божиќ

По тешката операција, принцезата од Велс замина на одмор за закрепнување

А1он