Музичарот Фил Колинс (66) призна дека повторно почнал да пие, бидејќи како што тврди алкохолот му треба за релаксирање при еврпската турнеја.
– Влезниците за (концертите во) Лондон и Келн се распродадени, што му претставува дополнителен притисок, изјави Колинс.
Иако поради алкохолот се најде речиси на работ на смртта, тој тврди дека сега може да се контролира при пиењето.
– Три години бев трезен, а сега уживам во по една чаша вино, вели Колинс.
Фил од 2016 година повторно е во врска со поранешната сопруга Оријана Сиви (43). Тие се разделија во 2008 година по девет години брак. Музичарот беше во брак и со Андреа Берторели и со Џил Тевелман, со која ја има ќерката Лили (27).
Колинс признава дека сега жали затоа што ја изневерувал Берторели.
– Само го следев своето срце. Подоцна сфатив дека сум будала, рече тој.
Иако многумина го осудуваат поради љубовниот живот што го води, Фил вели дека воопшти не му е грижа поради тоа.