Фестивалот „Skopje Calling“ презакажан за 12 септември

Од:

Фестивалот „Skopje Calling“ поради актуелната состојба со коронавирусот е презакажан за 12 септември. „Авалон продукција“, кој е организатор на фестивалот, денеска соопшти дека локацијата не се менува, односно останува стадионот на АРМ.

– VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје. Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот, велат од „Авалон продукција“.

На сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот, ќе им бидат важечки и за новиот датум.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски