Со солзи во очите Џенифер Лопез изјави дека се повлекува од ТВ шоуто „Американски идол“ бидејќи има други обврски, но од сигурни извори тврдат дека таа всушност била отпуштена поради тоа што барала зголемување на сумата што и ја плаќаат.
„Дојде време да им се вратам на другите мои обврски што цело време ме чекаат. Јас можам до крајот на животот да го работам ова, но тоа би значело дека треба да се откажам од останатото“, рече Џеј Ло.
Судиката на Идолот има склучен договор за 15 милиони долари, кои барала да станат 17 и да и биде исполнето барањето за зголемување од 2 милиони долари.
Одлуката на Џенифер дојде веднаш откако другиот судија на Идолот, Стивен Тајлер од „Аеросмит“, прв најави дека тој ќе го напушти шоуто. Изворот кој вели дека Џеј Ло е отпуштена поради барањето за зголемување на платата, тврди дека од истите причини и Стивен добил корпа од директорите на шоуто.