АББА ќе издаде пет нови песни догодина

Од:

Шведскиот поп-бенд АББА има намера да издаде пет нови песни следната 2021 година. Ова, за британската Радиоемисија на Џеф Лојд, го изјави Бјорн Улвеус – еден од членовите на групата.

Според него, композициите се веќе снимени и требало да бидат објавени на крајот на 2019 година, но тоа не се случило поради технички пречки и потоа – пандемијата на коронавирус.

Последниот студиски албум на АББА беше објавен во 1982 година, а необјавени песни потоа беа претставувани 1993. и 1994 година.

Четиричлениот состав е основан во 1972 година, од страна на Агнета Фелтског, Ани-Фрид Лингстад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон. За 10 години групата објави осум албуми. Филмот „Мама Миа!“ во два дела, со приказни засновани на песните на АББА, го проследиле над 60 милиони луѓе низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Тажните судбини на членовите на АББА: Бјорн воопшто не се сеќава на успехот, Агнета помина низ пекол

Предраг Петровиќ

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ