Тажните судбини на членовите на АББА: Бјорн воопшто не се сеќава на успехот, Агнета помина низ пекол

Од:

Не се ни сеќава на победата на АББА на Евровизија, кога триумфираа со песната Ватерло, која многумина ја споменуваат како најдобра победничка песна во историјата на овој натпревар.

Гитаристот на бендот, Ласе Веландер, почина во петокот по кратка битка со ракот. Имаше 70 години, а тажната вест ја потврди и неговото семејство.

– Со неопислива тага мораме да објавиме дека нашата сакана Ласе заспа. Ласе неодамна се разболе од, како што се испостави, рак кој се проширил, а рано на Велики петок почина опкружен со своите најблиски – напиша семејството на Фејсбук.

Тажна судбина го снајде еден од основачите на групата. За жал, откако му беше дијагностицирана деменција, Бјорн Кристијан Улвеус (77) повеќе не се сеќава на спомените и успешната кариера на неговата шведска група.

Инаку, Бјорн е пејач, композитор, текстописец и гитарист кој се прослави како еден од основачите и членовите на групата АББА. Тој боледува од тешка деменција од својата 72-та година. Иако наводно живеел релативно нормален живот и можел да се грижи за себе, музичарот тешко се сеќава на неговата позната кариера.

Не се ни сеќава на победата на АББА на Евровизија, кога триумфираа со песната Ватерло, која многумина ја споменуваат како најдобра победничка песна во историјата на овој натпревар.

Бјорн Кристијан Улвеус не може ни да се сети кога победија на Евровизија во 1974 година со песната „Ватерло“. Не се сеќава на конкуренцијата, победата или хистеријата што следеше. Настаните му ги раскажува неговата втора сопруга, која милион пати ја слушнала приказната од Бени Андерсон, ‘вториот шеф’ на АББА.

-Како да не бев таму – вели пејачот кој почна да се разболува во доцните педесетти години, а болеста многу брзо напредуваше иако пробал се – хипноза, лекови, специјална диета, жолти налепници низ станот кои го потсетуваат на сè.. Преку хипноза, се обиде да врати барем фрагменти од меморијата.

Неговата сопруга вели дека често проучуваат фотографии од минатото, а тој е зачуден кога слуша за неговите успеси и авантури. ABBA има продадено повеќе од 400 милиони плочи ширум светот, и иако не може да се сети на ниту еден друг важен настан во неговиот живот, го загуби сеќавањето на бендот кој засекогаш ќе остане еден од најуспешните на сите времиња и на кој е ко-основач. Тоа можеби е и најтрагичната последица од деменцијата на Улвеус.

Како тинејџер добил гитара како подарок за својот 13-ти роденден, а бил член на групите The Hep Stars и The Hootenanny Singers. Преку бендови во 1966 година го запознава и Бен Андерсон, со кого набрзо соработуваше. Тие сфатија дека одлично се надополнуваат како автори и композитори и почнаа да работат на заеднички песни.

Наскоро ги запознале нивните идни сопруги и членки на бендот – Агнета Асе Фелцког и Ани-Фрид Лингстад. Улвеус и Агнета се венчаа во 1971 година, а се разведоа во 1979 година и ги имаат децата Линда и Питер, а само една година по разводот се ожени со музичката новинарка Лена Калерсјо, со која се уште е во брак. Ги имаат ќерки Ема и Ана.

Агнета минуваше низ вистински пекол..

– Таа се исели минатиот Божиќ, 1978 година. Сега сме пријатели. Сега кога ја гледам, тешко ми е да замислам дека некогаш сме биле во интимна врска. Всушност, мислам дека таа ужива во сингл живот. Бевме целосно некомпатибилни. Тоа не е случај со Лена, ние двајца сме целосно компатибилни – изјави Бјорн за време на турнејата.

Иако настапот на стадионот Вембли беше распродаден, настапот на Агнета беше опишан од критичарите како безживотен. Подоцна таа самата рече дека во неа нема живот. „Срцето не ми беше во настапот, можеби има врска тоа што емотивно многу страдав. Таму го гледам Бјорн и се сеќавам на многу работи и ми е тешко. Се трудам да бидам професионалец и да танцувам и пеам, но радоста ја нема“, рече таа.

Тогаш призна дека сиот успех на АББА, кој секако го цени, не и донел среќа и дека сите нејзини надежи за иднината се врзани за нејзините деца. Она што е најлошо во целата приказна, Лена, која ја „киднапираше сопругот“, своевремено и беше блиска пријателка. Иако извесно време пред камерите глумеа среќно разведен пар и пријатели, идилата на АББА не траеше долго, а Агнета заврши на лекување и антидепресиви, по што целосно се повлече од јавноста до тој степен што никој не знаеше каде таа беше со години.

Во текот на 90-тите ги изгубила татко и и мајка, се омажила неколку пати, но ниту еден брак не траел.

На крајот на 2010 година, таа се појави во јавноста рака под рака со Бјорн на премиерата на мјузиклот Mamma Mia во Копенхаген и им даде трошка надеж на фановите на АББА со изјавата дека е можно повторно обединување на легендарната четворка, но групата не се обедини.

Денеска вели дека е задоволна и додава дека ретко го гледа Бјорн кој се преселил во Лондон само за родендените на нивните деца, но немаат блиски односи.

Би можело да ве интересира

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Почина тапанарот на легендарната група АББА

Горан Наумовски

Член на групата АББА се разведува по 41 година брак

„АББА“ денеска го објавува новиот албум

Ана Ололовска

„АББА“ објавија и трета песна од претстојниот албум

Ана Ололовска

АББА се враќа по 40 години

А1он