Член на групата АББА се разведува по 41 година брак

Од:

Музичарот и основач на познатиот бенд АББА Бјорн Улвеус се разведува од втората сопруга Лена по 41 година брак.

Шведскиот пејач, гитарист, текстописец и продуцент Бјорн Улвеус се разведува по 41 година брак од сопругата Лена Улвеус, а веста ја соопшти портпаролот на пејачот.

„После многу убави и значајни години, решивме да тргнеме по одделни патишта“, се вели во соопштението и се додава дека тие ќе останат пријатели и заедно ќе ги прослават родендените на нивните внуци и сите други семејни настани.

Бјорн е еден од четворицата членови на легендарната шведска поп група АББА. На врвот на славата на АББА во 1970-тите, Улвеус беше во брак неколку години со колешката од бендот, Агнета Фалцки, со која има син и ќерка.

Би можело да ве интересира

Тажните судбини на членовите на АББА: Бјорн воопшто не се сеќава на успехот, Агнета помина низ пекол

Предраг Петровиќ

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Почина тапанарот на легендарната група АББА

Горан Наумовски

„АББА“ денеска го објавува новиот албум

Ана Ололовска

„АББА“ објавија и трета песна од претстојниот албум

Ана Ололовска

АББА се враќа по 40 години

А1он