„АББА“ денеска го објавува новиот албум

Од:

Легендарната шведска поп-група „АББА“ денеска се враќа на музичката сцена со објавувањето на новиот албум „Voyage“, по речиси 40 години од првото распуштање на познатиот состав.

Бендот го најави новиот албум на почетокот на септември во Лондон, претставувајќи една од новите песни „I Still Have Faith in You“. Пред објавувањето на албумот, на јавноста ѝ беа претставени уште две песни – „Don’t Shut Me Down“ и модернизирана верзија на песната „Just A Notion“, снимена 1978 година, но која не се нашла на ниту еден албум сѐ досега.

Составот најави и турнеја, но виртуелна – со холограми на членовите.

Шведскиот квартет беше активен од 1972 до 1982 година. Последниот албум на групата „The Visitors“ беше објавен 1982 година. Групата ја сочинуваат Бјорн Улвеус (76), Бени Андерсон (74), Ани-Фрид Лингстад ​​(75) и Агнета Фалцког (71). Со песната „Waterloo“ од 1974 година, „АББА“ победи на Евровизија, а остана запомнета и по хитовите „Dancing Queen“, „Mamma Mia“, „Money, Money, Money“, „Take A Chance On Me“ „The Winner Takes It All“ и други.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Тажните судбини на членовите на АББА: Бјорн воопшто не се сеќава на успехот, Агнета помина низ пекол

Предраг Петровиќ

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ