Сирења од Мавровско – реканскиот регион на „Тера Мадре“ во Дубровник

Од:

Вкупно 200 делегати од 11 земји, Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија и Турција на годинашната средба „Тера Мадре Балкан“ во Дубровник дефинираат стратегија за заштита на традиционалните прехранбени производи од регионот.

На преку 120 производи од Балканот и Анадолија им се заканува опасност од исчезнување. Тие се дел од културата на локалните заедници кои како резултат на различни економски, политички и социјални причини се ранливи и производството на оваа уникатна балканска храна не може да продолжи, велат учесниците на „Тера Мадре“.

„Тера Мадре Балкан“ ја испраќа и пораката за заштита на руралното наследство, како и за огромното значење на младите во земјоделството.

tera-madre

Во рамки на манифестацијата денеска ќе се одржат две конференции, за поддршка на малите – семејни фармери и за заштитена географска ознака на производите. На првата ќе бидат презентирани флексибилните мерки во ЕУ регулативите со оглед на обвинувањата дека Унијата често донесува строги закони кои ги ограничуваат малите – семејни производители, на тој начин заканувајќи им се на локалните традиции и знаењата за занаетчиското производство на храна. На втората, пак, ќе биде предочено дека повеќе од 1.400 производи имаат заштитена ознака за географско потекло во Европската унија, но само неколку од нив се од Балканскиот регион. Оваа конференција ќе го појасни процесот неопходен за воведување на географските ознаки преку примерите со мандарините од хрватската долина на Неретва и куленот од Барањскиот регион.

Учесниците ќе дебатираат и на други теми, потребата од едукација на вкусот меѓу различните општества на Балканот, одржливо рибарство во Јадранското море,…

Суштински настан на „Тера Мадре“ е Пазарот на фармери поставен во историскиот парк Градац. На пазарот има 32 штанда, најмалку по еден за секоја од единаесетте земји учеснички. Се презентираат претставници од 68 заедници на храна во Југоисточна Европа. Меѓу производите е и сирењето од Мавровско – реканскиот регион.

tera-madre-balkan

Посетителите на пазарот ќе може да ги пробаат и автохтоните хрватски сирења и млечни производи, т.н. шкрипавац сирење произведено од млеко од автохтоната раса говеда „буша“, сувото конусно сирење од Меѓумурскиот регион, козјото сирење од источна Славонија, како и препознатливото сирење „Пашки“ од семејната млекарница од островот Паг.

„Тера Мадре Балкан“ се одржува од 19 до 22 јуни. Главната цел е да се прецизираат следните чекори и алатки за заштита на традиционалните производи од исчезнување и помагање на локалните заедници на храна.

Годинава учествува и основачот и претседател на „Слоу Фуд“ Карло Петрини. 

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор