Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Од:

Охридскиот затвор на тендер бара 250 килограми кравјо сирење, 5000 јајца од класата Л со тежина помеѓу 63 и 73 грама, конзервирани корнишони, говедски и пилешки месен нарезок и по 50 килограми пудинг од чоколадо и мешан мармалад, за потребите на затворениците.

Освен овие прехранбени производи, затворениците годинава ќе пијат 250 килограми обезмастено млеко во прав и ќе јадат 200 килограми говедско месо, 100 килограми замрзнато пилешко месо и 100 килограми говедски суџук. Набавката предвидува и 13.000 лебови од половина килограм, по 2.500 ѓевреци, пинерли и сарајлии, но и гриз, крем, ванилин шеќер, цимет, пченкарно брашно, зденка, шпагети и најразлични зачини. Во набавката се бараат и 120 пакувања кафе од по 100 грама и 50 литри газиран сок, како и по 2500 конзерви туна и сардина.

Минатата година, овој тендер чинел над 51.000 евра со вклучен ДДВ, а го поделиле четири компании: „Илинче 2“ од Дебарца, „Карапетковски“ од Битола, „Центропром“ од Скопје и „Андрос“ од Охрид.

Од нив, најголемиот дел од тендерот, или безмалку 20.000 евра без вкалкулиран ДДВ завршиле кај „Центропром“, над 10.000 евра кај „Илинче 2“, 3.700 евра од тендерот завршиле кај „Карапетковски“ и над 2.000 евра без вклучен ДДВ кај охридската компанија „Андрос“.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион