Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Од:

Низ медиумите со години се говори гласно за понижувањето и негрижата за пациентите и нивната исхрана додека се хоспитализирани, но понижувањето подеднакво се однесува и за лекарите кои се грижат за нивните животи.

На 24 часовно дежурство, цела ноќ, на хирургија каде лекарите се борат за животите на тешки и итни пациенти, и не можат ни до тоалет да отидат, а камо ли по јадење, за вечера добиваат една кифла!

Еден од лекарите, кој бил дежурен цела ноќ ја фотографирал кифлата и напиша пост на Фејсбук во кој вели:

„ Знаете што е понижување на медицински персонал ? Знаете зошто ке не лекува цацко за 5 години ? Ако се запрашувате како не третираат ? еве вака !!! дежурен цела ноќ (од 20-08 часот)

Кралица на медицината била хирургија а титулата ја добила по тежина на пациентите и негата околу нив од нас професионалците што треба да им ја дадеме , и да така е . Еве јас имам 28 пациенти тешки , исклучително тешки денес оперирани од интензивна излезени а и веќе имам два приема хитни од другите градови затоа што ние ја покриваме цела држава , буквално цела. Е сега да ја видиме нашата вечера и колку тоа се грижат за нас кои треба да се грижиме за сите вас и вашите блиски .

Еве ова е таа една ама високо калорична кифла од 8 сантима  со наградна игра внатре во неа  а се вика ” најди го сиренцето ” (  јас имам среќа  па неколку пати го имам  најдено , навистина има урда внатре верувајте ми со свои ја имам видено )

Германијооо чекајте не, утре уште еден автобус со м. персонал трга натака ,и така секој ден по еден … Уште бугарите у устав и стижемоо европо “

Во коментарите под постот и колеги на лекарот потврдија дека исхраната се сведува на една кифла, некои постираа слики и од својата „вечера“ на клиниките каде се дежурни, но коментираа и пациенти кој велат и болните добиваат ваква оскудна и нездрава храна.

„ Оваа кифла на патолошка ја јадев и ни ја даваа за доручек, ручек и вечера. Еднаш само со јогурт, еднаш со нешто како паштета, еднаш со грозна манџа. И поминал денот. Тоа е храната за пациент со ризична близначка бременост. Храната што ја јаде сњкој ден цел месец од бременоста. Познавав и по два месеци што лежеа. Место да се храни здраво мајката и да се направи се што може бебето да порасне и да биде силно они крвта ми ја ослабнаа. Се породив и пак истата храна. После лежев уште месец дена со бебето во инкубатор и пак ова го гледав. Секој ден кифла никаква.

Сироти пациенти оперирани, болни, слаби… со ваква исхрана. Пациентите за разлика од вработените не си одат некогаш со недели дома каде може да си каснат убав пброк и се осудени на оваа нездрава исхрана.“ се вели во еден од коментарите.

Одливот на медицински кадар е сериозен проблем за Македонија. Огромен број на медицински лица заминуваат на работа по европските земји. Во земјава има недостиг од 7.500 до 8.000 медицински сестри, а заедно со фармацевтите, рендген-технолози, лаборанти околу 11.500 стручни медицински работници.

Се очекува околу 10.000 здравствени работници да недостигаат до крајот на 2030 година. Еден податок, вели дека на Медицинскиот факултет во Скопје секоја година дипломираат 220 доктори, а во комората даваат барање за иселување во странство 173 доктори. Лани на пример има  435 нови доктори кои положиле стручен испит

Лекарската комора, професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја, води регистар на издадени, продолжени и обновени лиценци за работа, според кој има 9.520 активни докторски лиценци. Во Регистарот се евидентирани вкупно 179 лекари со активни лиценци, кои дале податок дека работат во странство. Но, оваа бројка не ги вклучува оние кои до Комората не доставиле податок дека се преселиле во странство, како и оние на кои им истекла лиценцата и веќе не ја продолжиле во Комората.

Најголем недостиг на здравствени работници  во земјава се забележува во профилите на медицински сестри, општи лекари и лекари специјалисти. Причините за заминување на работа во друга држава, се за повисока плата, подобри услови за работа и напредување. Како земји каде се нудат најдобри услови на работа на здравствените работници од земјава се Германија, Италија, Хрватска и Швајцарија.

Егзодусот на лекарите во странство, секако и на медицинскиот персонал, мора да се сопре, бидејќи наскоро нашите граѓани нема да има кој да ги лекува. Во внатрешноста на земјава, состојбата е уште покритична. Во одредени средини нема ниту општ, семеен лекар.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара