Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Од:

Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобриот промотор, најгласниот и најдиректниот маркетинг на нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегија, а тоа е пресликано и денес на Винскиот саем, напиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил.

Николовски е дел од македонската владина делегација која учествува на меѓународен саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград.

Оваа година, истакнува Николовски, земјава се претставува со двојно повеќе изложувачи, вкупно 74 македонски винарии и дестилерии кои го промовираат својот потенцијал.

-Позитивни зборови за нашето вино добивме и од амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил. Заедно со чаша убаво македонско вино наздравивме за успешна промоција на нашето вино на вториот меѓународен Саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, напиша министерот.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Познати и цените

Предраг Петровиќ

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот