Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Од:

Мерката за гарантирана цена на лебот, млекото, јогуртот, тестенините, дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото од утре нема да важи. Денес истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот.

Министерството за економија веќе се изјасни дека нема да биде продолжена мерката за гарантирана цена затоа што очекува со законот за нефер трговски практики, што по скратена постапка е во собраниска процедура и ја помина првата фаза во комисиите, да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Голем број прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ од 20 септември се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август лани, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност истекува утре.

Одлуката се однесуваше на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња),; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Битиќи: Секое нелогично зголемување на цените ќе биде санкционирано

Орце Костов

Гарантирани цена уште два дена, мерката нема да продолжи

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

По „гарантирани цени“ ќе се пазари и за Нова година, акции ќе може да прават и производителите

Орце Костов

Бектеши: Непочитувањето на „гарантирана цена„ се случува во најголемите ланци супермаркети

Орце Костов