ВИДЕО: Уапсен Украинецот кој се појави на сцената во текот на доделувањето на „Греми“ наградите

Од:

Мажот кој се појави на сцената додека американската пејачка Адел ја примаше наградата „Греми“ во неделата навечер е уапсен и ќе му се суди.

Се работи за украинскиот ТВ водител, Виталиј Седиуку кој успеал да влезе на церемонијата без билет. Тој прошета по црвениот килим и седна до Џастин Тимберлејк и Џесика Бел. Тоа место беше наменето за Адамо Ливине од групата Maroon 5.

Кога Адел појде да ја преземе нејзината награда, Седиук дојде на сцената и рече „Чест е да се прими ваква награда. Те сакам Адел“. Пејачката и актерка Џенифер Лопаез со раката му покажа да си оди, што тој и го направи.

Обезбедувањето во бекстејџот го задржа Седиук, а потоа е уапсен. Ноќта ја поминал во затвор, а на суд ќе се појави наредниот месец.

Ова не е првпат овој Украинец да направи слична работа на големите случувања. Тој се обиде да го бакне актерот Вил Смит на премиерата на филмот „Men in Black 3“, а неговото цвеќе го одби пејачката Мадона.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски