На 73-годишна возраст почина Јакша Фијаменго, легендата на далматинската песна. Тој беше автор на многу хитови за кои музиката ја направи Зденко Руниќ, а ги изведе Оливер Драгојевиќ.
Самиот кажа дека песната „Кароца гре“ му е омилена. Кароца (кочија) на симпатичен начин зборува за метафората на животот што гре, гре (оди), без оглед на сè.
Јакша му напиша повеќе од 60 песни на Оливер Драгојевиќ, и беше исклучително горд на тоа. Меѓу нив се „Ноктурно“, „Анџеле мој“, „Надалина“, „А витар пуше“ и многу други.