Семејството на Оливер Драгојевиќ постхумно објавува нов албум

Од:

Споменот на Оливер Драгојевиќ живее и неколку години по неговата смрт и токму преку она што му беше најважно во животот – неговата музика.

Токму затоа неговото семејство одлучи да издаде албум со нови песни, постхумно, за публиката да може да се сети зошто тој беше една од најголемите ѕвезди на просторите на поранешна Југославија, па и пошироко.

Драгојевиќ снимал нов материјал се до последниот ден. Семејството по неговата смрт избирало песни и аранжмани, бидејќи тие ги наследиле правата на сè што тој создавал низ својата кариера. Затоа, со голема одговорност кон Драгојевиќ и неговата публика, а со помош на соработниците, се избрани песни кои ќе бидат објавени на албум во текот на 2024 година.

На албумот ќе има 12 песни, а ќе биде објавен и спот со помош на технологија, веќе снимени инсерти и секако, појавување на внукот на Драгојевиќ, Тони, во спотот за првиот сингл од албумот – „Не могу ти речи“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО): Ковачевски и Вучиќ пееја „Дајте вина хочу лом“

Горан Наумовски

Раперот кој доби смртни закани поради песната за Македонија поднел пријава во бугарската тајна служба

Орце Костов

ВИДЕО: Лана дел Реј со нова песна посветена на нападите во САД

А1он

Почина авторот на бројни хитови на Оливер Драгојевиќ

Ана Ололовска

Семејството на Оливер Драгојевиќ ги предупреди оние кои сакаат да заработат од неговото име

Наум Локоски

Почина Оливер Драгојевиќ

Наум Локоски