ВИДЕО: Лана дел Реј со нова песна посветена на нападите во САД

Од:

Лана дел Реј ја претстави својата нова песна „Looking for America“, којашто всушност, е одговор на нападите со огнено оружје кои минатиот викенд се случиле во САД.

– Јас не сум политичарка, не се обидувам да бидам и се извинувам што имам свое мислење, но во светлото на сите напади деновиве и оние изминатиов период што на мене доста влијаеја, ја објавувам оваа песна… Се надевам дека ќе ви се допадне, напиша пејачката на Инстаграм каде што и го објави видеото со новата песна.

На снимката, додека нејзиниот продуцент Џек Антоноф свири гитара, таа вели дека сѐ уште трага по „својата Америка“… „Онаа во која нема пиштоли и знаињата слободно се вејат… Онаа во којашто наместо бомби, има само огномет, ти и јас”, како што порачува во стиховите.

Минатиот викенд во САД се случија два напада со огнено оружје во коишто загинаа 31 лице.

Би можело да ве интересира

Семејството на Оливер Драгојевиќ постхумно објавува нов албум

А1он

(ВИДЕО): Ковачевски и Вучиќ пееја „Дајте вина хочу лом“

Горан Наумовски

Раперот кој доби смртни закани поради песната за Македонија поднел пријава во бугарската тајна служба

Орце Костов

Лана дел Реј ја откажа својата турнеја

А1он