Карлос Сантана: Бијонсе не е пејачка

Од:

На 59-тото доделување на наградите Греми Бијонсе доби само две признанија – за најдобар спот и за најдобар современ албум.

Гремито за албум на годината пак отиде во рацете на Адел, која го шокираше светот со тоа што ја скрши добиената награда и порача дека смета оти ова признание го заслужила Бијонсе.

На многумина ваквиот потег им беше нејасен, а особено на музичарот Карлос Сантана, кој изјави дека смета оти Бијонсе воопшто не е пејачка.

– Мислам дека Адел освои награда затоа што знае да пее. Со почитување на нашата сестра Бијонсе, таа е многу убава за гледање, но тоа што го работи повеќе личи на манекенство, отколу на музика. Таа не е пејачка, рече познатиот американски уметник со мексиканско потекло.

– Адел навистина знае да пее. Не и треба група играчи ни сценографија, може да стои сама и едноставно да пее. Тоа е причина зошто победи, објасни Сантана.

Коментарот на Карлос Сантана предизвика бура реакции и негодување меѓу обожавателите на познатата американска пејачка, а набрзо по медиумските информации за неговиот „напад“ врз Бијонсе, тој се огласи на Фејбук.

– Мојата намера беше да и честитам на Адел на големиот успех на освојувањето на наградата Греми. Мојот коментар за Бијонсе е погрешно протолкуван. Таа ги заслужува сите пофалби и награди, јас ја почитувам како уметник и на неа и на нејзиното семејство им посакувам се најдобро, напиша Сантана на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски