Американскиот музичар и текстописец Боб Дилан порача дека „апсолутно“ сака да присуствува на церемонијата за доделувањето на Нобеловите награди во Стокхолм, „доколку биде во можност“.
Дилан (75), кој првпат се огласи откако на почетокот на месецов беше прогласен за добитник на Нобелова награда за литература, во интервју за „Телеграф“ изјави дека „му е тешко да поверува“, оти е овогодишен лауреат.
Дилан истакна дека ќе присуствува на доделувањето на Нобеловите награди во Стокхолм, „доколу биде во можност“.
Свечената церемонија за доделувањето на наградите ќе се одржи на 10 декември во Стокхол.
Дилан е првиот музичар на кому му е доделена Нобеловата награда за литература.