ВИДЕО: Дуетот на аутистично девојче и Кети Пери ги урива рекордите на Јутјуб

Од:

Дует на пеачката Katy Perry со аутистичната Jodi DiPiazza за нецели 24 часа има преку милион посети.

Comedy Central ја организираше вечерта наречена “Night Of Too Many Stars”, а станува збор за настан од хуманитарна природа чија цел е да им се помогне на децата со аутизам.

Jodi i Katy без сомнеж станаа ѕвезди на вечерта откако нивниот заеднички настап ги воодушеви сите, па дури и ги расплака. Дури и водителот, познатиот комичар Jon Stewart, мораше да земе пауза за да се соземе што дополнително предизвика аплауз на публиката.

Во прилогот кој претходи на настапот, многумина дознаа кои се проблемите со кои се соочува ова девојче, и на кој начин и помогнало занимавањето со музика.

Katy Perry на својот Твитер профил подоцна објави “Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер. Ова беше најважниот момент во мојата кариера”.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски