Американскиот текстописец Хал Дејвид, познат по соработката со Берт Бакарак, почина вчера на 91. годишна возраст во болница во Лос Анџелес.
Дејвид починал по компликации настанати по добиениот мозочен удар во вторникот, потврди неговата сопруга Јунис Дејвид.
Тандемот Дејвид-Бакарак е добитник на наградата „Оскар“ за песната „Raindrops Keep Fallin’ on My Head“ напишана во 1969 година за познатиот филм „Буч Касидис и Кид Санденс“, на наградите „Греми“ и „Тони“ за либретото и музиката на бродвејскиот мјузикл „Promises, Promises“.
Тие се автори на голем број хитови, меѓу кои „Close to You“ и „That’s What Friends Are For“.