Иако британската ѕвезда Адел важи за личност која многу често не води сметка за кажаните зборови, се чини, дека на тоа му дојде крајот, бидејќи заради бенефитот на детето што го носи таа одлучи да ја промени оваа своја лоша навика.
„Се бори со тоа што помалку да пцуе во периодот кога го носи бебето, бидејќи не сака лошите вибрации да ги пренесе на детето“, изјави извор близок до пејачката.
Адел наводно верува дека бебето во матката слуша што се зборува во неговата околина, а особено тоа што го зборува неговата мајка. Таа верува дека овие неготивни вибрации остануваат сместени во нивната потсвест.