Откако неговиот колега Кени Вест употреби нови методи за да го најави својот нов албум, нешто слично направи и Џеј-Зи, кој најнов албум „Magna Carta Holy Grail“ одлучи да спои со реклама за новиот мобилен на „Самсунг“ со што искористи некои погодности од соработка со јужнокорејската компанија.
Поточно, на 24 јуни ќе се појави бесплатна најавна апликација, а на полноќ на 4 јули сопствениците на телефони на „Самсунг“ ќе имаат можност 72 часа бесплатно да го преслушаат новиот материјал на Џеј-Зи, пред тој да биде достапен на другите во светот.
Во новата реклама за „Самсунг“ се појавуваат и некои од продуцентите на новиот „револуционерен“ албум на Џеј-Зи, со кои раперот веќе соработувал: Фарел, Тимбаланд, Свиц Биц и легендарниот Рик Рубин.
Треба да се спомене и дека „Самсунг“ на Џеј-Зи му платил пет милиони долари за ексклузивната дистрибуција на албумот првите три дена.