Загриженост поради медиумската пропаганда на идеите на ИД во Југоисточна Азија

Од:

Во Малезија и Индонезија, но и во Сингапур и на Флипините расте загриженоста поради засилената активност на прпоагаторите на Исламската држава во Ирак и Сирија, а медиумите пренесуваат дека во овие држави е регистриран и најголем број жители кои заминале на боиштата во Ирак и Сирија. Загриженоста се зголеми по објавување на веста на малезискиот њус сајт ТМИ, кој соопшти дека агресивната пропаганда од ИД сега е дполнета и со седум сајтови и блогови кои пораките за „предностите“ на ИД почнаа да ги објавуваат на малајски јазик и со содржини кои и неполнолетните Малајгици убедуваат да се приклучат кон движењето.

Малајската популација е доминантна меѓу населението во Малезија и Индонезија, а над 70 отсто од населението на двете држави ја прифатиле муслиманската вера. На сите веб портали, кои сега се достапни и за тие што не знаат арапски, или англиски јазик има тврдења дека следбениците на Исламската држава ги завршуваат постапките за прогласување на исламски калифати во ова подрачје и дека нивното прогласување ќе донесе духовна благодет за населението.

Властите во Малезија денеска соопштија дека седиштата на интернет сајтовите што ги пропагираат идеите на ИД не се наоѓаат во Малезија, ниту во Индонезија, но дека се прават обиди за нивно блокирање. Во Малезија се запленети и уништени илјадници копии од книгата „Џихад медиа“ која се смета за прирачник за потенцијалните борци на страна на Исламската држава, но дека голем дел од нејзината содржина се пласира преку Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска