Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Од:

Во тек е потрага по тројца исчезнати членови на екипажот откако танкер со нафта регистриран во Габон се запали крај брегот на јужна Малезија, соопштија малезиските поморски власти.

Малезиската поморска управа (MMEA) соопшти дека примила извештај за запален танкер во понеделникот во 16 часот по локално време, на околу 37,5 наутички милји североисточно од крајбрежниот регион Танјунг Седили во државата Џохор.

Танкерот пловел од Кина кон Сингапур со 28 членови на екипажот кога се запалил, објави MMEA.

На местото на настанот е испратен поморски патролен чамец за да ги спаси оние што се наоѓале во него, додаваат тие. 23 членови на екипажот биле спасени од два брода кои биле во близина, додека патролата спасила уште двајца членови.

Тројца членови на екипажот се исчезнати. Не се знае дали скокнале во морето или останале некаде на танкерот.

На снимката се гледа како танкерот гори, а големи облаци од црн чад се издигнуваат во воздухот. Во близина биле забележани и други бродови.

Засега, јавува CNN, не е јасно дали имало загадување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат