Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Од:

Беспилотно летало лансирано од Иран погоди танкер што пловел во водите на Индискиот Океан кој носел хемикалии, соопшти денеска американското Министерство за одбрана.

„Танкерот „Cem Pluto“ во сопственост на јапонско-холандска компанија, кој пловел под знамето на Либерија, бил погоден од дрон лансиран од Иран на околу 200 наутички милји од брегот на Индија“, изјави тој за Ројтерс портпаролот на Пентагон.

Инцидентот ја потврдува ескалацијата на регионалните тензии по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и новите ризици за бродовите кои сообраќаат на редовни морски патишта.

Иранската влада, како и милитантите Хути, сојузниците на Иран во Јемен, силно ги критикуваа воените операции на Израел во Појасот Газа, во кои загинаа повеќе од 20.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Беспилотно летало „камиказа“ разнесе воен хеликоптер во Придњестровје

(ВИДЕО) Дрон погоди рафинерија во Русија, две лица се тешко повредени

Руски дрон ја прател Аналена Бербок

Горан Наумовски

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски