Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Од:

Вооружените сили на Украина ќе треба да одлучат кои градови ќе можат да ги задржат без обновување на американската воена помош, изјави заменик портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

„Нема да можеме да ја доставиме таа критично важна помош за Украина и украинските сили ќе треба да направат избор и да донесат одлуки за тоа кои градови, кои населби ќе можат да ги држат со помош на она што го имаат и што имаат нивните партнери“, рече дипломатот на брифингот со новинарите.

Синг го повика Претставничкиот дом веднаш по Сенатот да го усвои барањето на Белата куќа за помош од 60 милијарди долари за Украина, без која САД не можат да продолжат со воена помош за Киев.

Покрај тоа, таа го коментираше фактот дека руските војници ја окупирале Авдијивка, посочувајќи дека таму „за жал“ било неопходно „стратешко“ повлекување на армијата за да се зачува артилерија и муниција.

Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу поднесе извештај до рускиот претседател Владимир Путин и го информираше дека Авдијивка е ослободена со минимални загуби. Шојгу истакна дека подготовките за ослободување на Авдијивка започнале есента 2023 година.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала