(ВИДЕО) Беспилотно летало „камиказа“ разнесе воен хеликоптер во Придњестровје

Од:

Беспилотно летало „камиказа“ разнесе воен хеликоптер во Придњестровје. Локалните медиуми јавуваат дека во нападот нема жртви и дека истрагата е во тек. Првиот ТВ канал на Придњестровје објави видео од инцидентот. На видеото се гледа како беспилотно летало камиказа удира во хеликоптер Ми-8МТ кој се наоѓал во комплекс на воена база.

– На територијата на една од воените единици на Тираспол по експлозијата настанал пожар. Утврдено е дека експлозијата е резултат на напад со „камиказа“ беспилотно летало кој долетал од правец на мостот Детелина – соопшти Министерството за државна безбедност.

Во јануари Министерството извести дека странските специјални сили подготвуваат борбени групи во Молдавија, во кои наводно имало и Украинци, со цел да организираат и извршат терористички напади и саботажи на воени објекти во Придњестровје.

Би можело да ве интересира

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива