Руски дрон ја прател Аналена Бербок

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во неделата беше принудена да ја прекине посетата на станицата за третман на вода платена со германска помош во јужниот украински град Николаев.

Инцидентот се случил кога се вклучиле сирените за воздушен напад додека руски извидувачки дрон бил забележан како ја следи политичарката и нејзиниот тим.

Ваквите видувања често се проследени со директен ракетен напад.

Жителите на Николаев беа предупредени преку СМС пораки со наредба да се упатат до најблиското засолниште за бомби.

Аналена Бурбок и нејзината делегација побрзаа од местото на настанот и влегоа во блиндираните возила.

Николаев, кој е блиску до првата линија на војната меѓу руските и украинските сили, исто така беше еден од првите градови кои беа цел на ракетни напади во деновите по руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

Повеќе од 1.300 домови и 1.000 куќи се уништени за две години откако Русија ја започна војната.

Во саботата, Бербокова беше принудена да се засолни во бункер под нејзиниот хотел во Одеса кога се вклучија сирените за воздушен напад.

Руски ракети го погодија пристанишниот град на Црното Море во четвртокот и петокот навечер.

Би можело да ве интересира

Бербок: Путин со нов терор одговара на мировните предлози

Во близина на зградата на украинскиот парламент во Киев се пронајдени останки од соборен руски дрон

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

(ВИДЕО) Украинците нападнаа важна руска нафтена рафинерија во Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украинците со дрон ја нападна електраната Конаково во областа Твер

Дрон за време на рускиот напад врз Украина слетал на територијата на Полска