Бурбок, за време на посетата на Одеса, мораше да се засолни по сирената за воздушен напад

Од:

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок за време на вчерашната ненајавена посета на Украина морала на кратко да замине во засолниште во Одеса откако се огласиле сирените за воздушна опасност, пишува германски Цајт.

Бербок го напушти засолништето по околу четвртина час, објави новинарката Цајт, која известуваше за посетата на германскиот министер на Украина.

За време на посетата, Бербок и вети на Украина дополнителна поддршка, вклучително и испорака на оружје, но призна дека има потешкотии во набавката на оружје.

„Се разбира, сè што ќе испорачаме не е доволно“, рече таа, додавајќи дека „потребна е многу повеќе муниција, многу повеќе воздушна одбрана, многу повеќе артилерија“.

Бербок изјави дека Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина. Неколку западноевропски функционери ја посетија Украина вчера, на двегодишнината од почетокот на рускиот напад врз таа земја, а меѓу нив беа и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, италијанскиот премиер Џорџа Мелони, канадскиот премиер Џастин Трудо и белгискиот премиер Александар де Кроа.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромен руски напад, 20 мртви во неколку градови, погодена детска болница во Киев

Горан Наумовски